Фестивал „Рута“ од 14 до 19 октомври во Драмскиот театар

од admin_kult

Драмскиот театар од Скопје ќе биде домаќин на 10. Регионална унија на театри – Рута група Триглав, што ќе се одржува од 14 до 19 октомври.

Во текот на оваа фестивалска недела, македонската публика ќе може да проследи шест репрезентативни и најнаградувани претстави на театрите од регионот – театарот „Улисис“ од Загреб, „Београдско драмско позориште“, „Месно гледалишче“ од  Љубљана, „Градско позориште“ од Подгорица, „Камерен театар 55“ од Сараево, a фестивалот свечено ќе го затвори Драмскиот театар со претставата „Чудна случка со кучето во ноќта“.

„Рута група Триглав“ се одржува на секои два месеца во еден од шесте театарски центри.

Свеченото отворање на театарскиот фестивал „Рута група Триглав“ ќе биде на 14 октомври со Раде Шербеџија и Милан Мариќ (главниот лик во филмот за Тома Здравковиќ) во претставата „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, во режија на Ленка Удовички, според антологискиот текст на Едвард Олби. Претставата е копродукција на театарот „Улисис“ и „Београдско драмско позориште“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе