Три нови награди за играниот филм „Дедо и внук“

од admin_kult

Две признанија за извонреден придонес во светот на филмот (Outstanding contribution to the world of Cinema) доби режисерот Илија Пиперковски за неговиот најнов филм „Дедо и внук“ од Независниот филмски фестивал „Четврта димензија“(4-th Dimension Independent Film Festival и на Меѓународниот филмски фестивал „Тагоре“(TIFF -Tagore International Film Festival) во категоријата за најдобри наративни играни филмови.

‒Ваквите приказни го прават светот поубаво место за живеење‒ потенцираат од Фестивалот.

Наградата доаѓа во време кога со премиерата на Меѓународниот филмски фестивал „Прифест“ 2020 во Приштина, и официјално почна светската промоција на првиот долгометражен филм на режисерот и сценарист Пиперкоски. По вторпат, наградата за најдобар директор на фотографија – кинематографер ја доби Патру Паунеску, токму за филмот „Дедо и внук“ на европските награди за кинематографија.

Главните улоги во филмот ги толкуваат Салаетин Билал, Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Благој Веселинов, Горан Стојаноски и други.

Зад продукцијата на филмот стои „Пандорабокс“ (Pandora’s Box) од Охрид,во соработка со „Дрим фектори“ (Dream Factory) од Скопје и „Ејлиен филм“ (Alien Film) од Романија.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе