Термини за консултации за август 2022 г. за лицата заинтересирани за полагање на лекторскиот испит

од admin_kult

Во согласност со Правилникот за начинот на полагањето на испитот за добивање лекторска лиценца и за Програмата за испитот, Комисијата за полагање испит за лектор определи термини за консултации за август 2022 г. за лицата заинтересирани за полагање на лекторскиот испит.

Влезниот дел од испитот ќе се одржи на 23 август со почеток во 10 часот во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“. Практичниот дел од испитот ќе се спроведе веднаш по прегледувањето на тестовите.  

Усниот дел од испитот ќе се одржи на 24 август со почеток во 11 часот. 

Консултации: 

-16 август 2022 год. во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од 9 до 12 часот – проф. д-р Весна Костовска. 

(телефон: 075 / 298-496) 

-17 август 2022 год. на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, кабинет бр. 128) од 9 до 11 часот – проф. д-р Томислав Треневски. 

(телефон: 076/ 469-468)  

-18 август 2022 год. во Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“ од 11 до 13 часот – проф. д-р Лидија Тантуровска. 

(телефон: 079 / 237-116)  

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе