Теренски активности на ранохристијанската базилика кај „Св. Еразмо“

од admin_kult

Од Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј – Охрид информираат дека привршуваат теренските активности на ранохристијанската базилика кај „Св. Еразмо“. Остатоците од архитектурата на градбата и мозаичните подови кои ги краселе презвитериумот, наосот и нартексот на базиликата беа откриени за првпат по речиси 50 години, со што се овозможија услови за спроведување конзерваторски истражувања и за изработка на детална документација. Теренските активности ги координираше Анита Танеска, а конзерваторите Ванчо Димоски и Никола Патчев од НУ Завод и музеј – Охрид ја спроведуваа деликатната акција за отворање на мозаиците.

По целосното расчистување на градбата, беше извршено геореференцирано фотограметриско снимање од страна на д-р Христијан Талевски од Институтот за старословенска култура од Прилеп.

Од Заводот и музеј – Охрид додаваат дека од фотограметриските снимања ќе биде изработен 3Д-модел на објектот кој ќе биде достапен за пошироката јавност преку интернет-платформите, а истите снимања ќе послужат и за изработка на проектите за конзервација на архитектурата и на мозаиците.

 

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе