„Теремин-вокс фантазија“ во Филхармонијата

од admin_kult

„Теремин-вокс фантазија“ е насловот на камерниот концерт што ќе се одржи в четврток во 20 часот во Камерната сала на Филхармонијата. Како солистка на теремин ќе настапи Ива Дамјановски, а настапуваат и: Маријана Николовска (пијано), Татјана Петрушевска (обоа), Мартин Димитров (виолина), Марија Трајковска (виолина), Илза Бафтиари (виола) и Паскал Краповски (виолончело). На програмата се дела од Б. Мартину, К. Ајк и М. Јовановска.

Ива Дамјановски (1996)  е дипломиран пијанист на Факултетот за музичка уметност при УКИМ. Моментално е студент на Катедрата за музикологија, на универзитетот „Università di Trento“, како и на Катедрата за музичка интерпретација и композиција на Факултетот за музичка уметност при УКИМ – Скопје во класата на прoф. Марија Ѓошевска.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе