Театарски поткасти на „Самоглас“ посветени на историјата на Фестивалот „Војдан Чернодрински“

од admin_kult

Аудиобиблиотеката „Самоглас“ го најави својот нов проект, кој го реализира  во соработка со МТФ „Војдан Чернодрински“ од Прилеп. Станува збор за театарски поткасти, проект поддржан од Министерството за култура и „Европска куќа“ и со кој се предвидени две сезони.

Во првата епизода „Почетоците на фестивалот“ што e објавена денеска, гостинка е проф. д-р Јелена Лужина, една од најдобрите познавачи на Фестивалот, личност која ги знае сите значајни информации и факти за неговите почетоци, растеж и развој.

Поткастите ги водат актерките Сара Анастасовска и Ангела Стојановска, кои  во шест епизоди зборуваат за минатото на Фестивалот: Почетоците на Фестивалот; Чување на фестивалската меморија; Сите награди на Фестивалот; Награда за животно дело; Коле Чашуле и Фестивалот; Војдан Чернодрински на Фестивалот.

Во следните епизоди на „Самоглас“, кои ќе се објавуваат секоја среда, гости ќе бидат: Ана Стојаноска, Петар Темелковски, Стојан Дамчески, Сотир Трајков, Лилјана Мазова, Каролина Мицевска, Иван Додовски, Зоја Бузалковска, Бајруш Мјаку и многу други.

Втората сезона на театарските поткасти ќе се снима и ќе се емитува за време на одржувањето на Театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, од 9 до 16 јуни.

Аудиомонтажер и продуцент е Христијан Поп-Симонов, а Петар Антевски е задолжен за изработка на промотивните материјали.

Секој може бесплатно да ужива во аудиобиблиотеката преку креирање кориснички профил на www.samoglas.mk или преку користење на мобилните апликации на „Самоглас“, достапни на: AppStore, PlayStore и AppGallery.

Сите нови содржини на „Самоглас“, заинтересираните може да ги следат на официјалните профили на социјалните мрежи „Фејсбук“ и „Инстаграм“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе