Театарот „Војдан Чернодрински“ одбележува 72 години од формирање

од admin_kult

Со претставата „Да инспекторе, Претстава со грешки“ во режија на Синиша Ефтимов, утревечер (18 февруари), од 19:30 часот, Театарот „Војдан Чернодрински“ ќе одбележи 72 години од формирањето.

– „Да инспекторе…..“ е последна премиера на Театарот работена по мотиви на текст од Хенри Џонатан Хенри, во која, како и во секоја претстава, актерите се обидуваат сѐ поуспешно да ги прикријат сите грешки без публиката да забележи, ама во оваа претстава сѐ што можете и не можете да замислите се одвива погрешно – информираат од Прилепскиот театар.  

Оттаму додаваат дека Театарот „Војдан Чернодрински“ досега прикажал над 360 премиери, а изиграл над 7 000 претстави.

– Најгледани и најиграни претстави се „Солунски патрдии” и „Од кол на кол“ во режија на Коле Ангеловски, играни над стопати. Театарот низ годините голем успех има постигнато  и со претставите: „Силјан Штркот“, „Туѓо сакаме свое не даваме”, „Колобан”, „Молам за секс”, „Спиро Црне”, „Арсениј”, „Полковникот птица“, „Опера за три гроша“, „Змејовата невеста“… Сепак, претставата „Тапани во ноќта“ од Брехт, во режија на Мартин Кочовски, го „крена“ во висините театарот и беше бренд не само на македонскиот театар, туку и на балканскиот – додаваат од Прилепскиот театар.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе