„Танец“ со концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на Александар Сариевски

од admin_kult

На 15 септември, со почеток во 20 часот, во Националната опера и балет, Ансамблот за народни игри и песни „Танец“  ќе одржи вокално-инструментален концерт во чест на 100-годишнината од раѓањето на Александар Сариевски, неповторливиот глас на македонската народна песна.

Од Ансамблот информираат дека е предвидено на сцената да настапи македонската изведувачка елита – Сузана Спасовска, Наум Петрески, Благоја Грујовски, Зуица Лазова, Кирил Митоски, Далибор Ѓошиќ, Влатко Стефановски, заедно со хорот и оркестарот на „Танец“, а ќе бидат интерпретирани најголемите македонски фолклорни бисери.

– За време на своето шестдецениско уметничко творење, Александар Сариевски зад себе остави над четиристотини трајни звучни записи за продукцијата на Македонската радио-телевизија, но и за други познати дискографски куќи, легати што вечно ќе потсетуваат на личноста која даде огромен придонес во негувањето и афирмирањето на македонската народна песна кај нас и насекаде во светот. Александар Сариевски е, исто така, еден од основачите на Ансамблот „Танец“, дел од неговата прва генерација и знаменит тапанџија на „Тешкото“. Со „Танец“ пропатувал насекаде низ светот, ширејќи го автентичниот македонски фолклор, а целокупниот музички опус опфатен со неговата професионална кариера, недвосмислено претставува еден важен дел од македонското културно наследство – нагласуваат од „Танец“.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе