„Танец“ на концертна турнеја во Канада и во САД

од admin_kult

Нашиот најголем културен амбасадор, Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, викендов заминува на турнеја на северноамериканскиот континент. За време на турнејата,  Ансамблот „Танец“ ќе настапи на престижните подиуми во повеќе градови во Канада и во Соединетите Американски Држави – Монтреал, Отава, Торонто, Детроит, Чикаго, Питсбург, Кливленд и Њујорк.

Претстојните настапи на членовите на „Танец“ ќе бидат одлична можност за презентација на македонската култура и фолклорна традиција пред публиката во овој дел од светот, која ќе може да проследи повеќе кореографски постановки  и изведби од богатата вокално-инструментална ризница.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе