Студио за колор-корекција и монтажа во НУ ФЦ „Вардар филм“

од admin_kult

НУ ФЦ „Вардар филм“ – Скопје отвори студио за колор-корекција и монтажа по најсовремени стандарди што е на располагање на филмската фела во земјава. Националната установа со промотивно видео информираше за трансформацијата на запуштен простор во модерно студио.

Целата инвестиција – инфраструктурниот дел и набавката и монтажата на професионалната опрема  – изнесува над три милиони денари. Над 1 милион денари е вредноста на специјалниот референтен монитор за колор од брендот „SONY“, кој е единствен во државава.

НУ ФЦ „Вардар филм“ соопшти дека средствата се обезбедени од сопствениот буџет, а со инвестицијата првпат по неколку децении во установата е донесена професионална филмска опрема.

– „Вардар филм“ постои и се грижи за вас. Целиот наш ангажман и континуирана работа за модернизирање на овој филмски центар, вклучувајќи го и новото студио за колор-грејдинг и видеоедитинг, е со единствена цел – олеснување на целиот процес за реализација на вашите филмски проекти и воедно да се зголеми придонесот кон развивање на нашата кинематографија – се наведува во пораката на раководството на НУ ФЦ „Вардар филм“ до филмските работници.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе