Струмичкиот карневал ќе се одржи од 2 до 9 март

од admin_kult

Годинашниот Интернационален струмички карневал ќе се одржи од 2 до 9 март, но во редуцирано издание и со строго почитување на здравствените протоколи за јавни настани во услови на пандемија од КОВИД-19.

Карневалските празнувања ќе траат осум дена. Ќе започнат на 2 март со предавање на клучот од градот на карневалџиите, а ќе завршат на 9 март, на празникот Тримери, со тримерски ручек и враќање на клучот. Главната карневалска вечер ќе се одржи на 5 март, а карневалското дефиле ќе биде со скратена маршрута и во него ќе учествуваат само домашни карневалски групи и поединци.

Во деновите на карневалското празнување ќе се одржат повеќе активности, меѓу кои: концерт под маски на музичкото училиште „Боро Џони”, маскенбал, детски карневал, доделување награди на најдобрите карневалски маски, афоризми, карикатури и литературни творби на тема карневал, а ќе биде промовирана и монографија по повод 30-годишниот јубилеј од oрганизираното одржување на карневалот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе