„Стимулирајтe ги вашите сетила“ – изложба на Елита Алити во Кичево

од admin_kult

Во ликовната галерија во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево, денеска во 17 часот ќе биде отворена изложба посветена на слепите лица со наслов „Стимулирајте ги вашите сетила“.

– Ако има нешто што не можеме да го замислиме и да го загубиме, тоа се нашите сетила кои се неразделно присутни во нашите животи. Но, ние ретко, речиси никогаш, не размислуваме како за нешто за што треба да бидеме благодарни. Делата од денешната изложба треба да се слушнат, допрат и мирисаат, така што присутниот ги буди своите сетила повеќе од кога било порано – истакна авторката на изложбата Елита Алити.

Авторката Алити е родена во 1995 година во Куманово каде што завршила основно и средно образование. Дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во 2018 година во класата на професор Јован Шумкоски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе