Средба со португалскиот уметник и фотограф Рикардо Кварежма Виејра во КИЦ -Софија

од admin_kult

Во пријателска атмосфера, во КИЦ на РСМ во Софија, пред македонски и бугарски културни дејци португалскиот уметник Рикардо Кварежма Виејра презентира дел од својата креативна преокупација.

КИЦ-Софија информира дека средбата со португалскиот уметник, кој во 2012 година имаше свое самостојно претставување – изложба во „Мала станица“ во Скопје, предизвика интерес кај присутните, а во разговорите беше изразена волја за идни културни соработки со португалски ликовни автори во Северна Македонија, Бугарија и Португалија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе