Средба на министерката Костадиновска-Стојчевска со австрискиот амбасадор Вуцас

од admin_kult

На денешната средба на министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска со амбасадорот на Австрија Георг Вуцас се разговараше за можностите за интензивирање на соработката во областа на културата меѓу двете земји.

На средбата беа истакнати пријателските односи помеѓу Република Северна Македонија и Република Австрија и  долгогодишната одлична соработка во многу проекти од културата. Меѓу другото, соговорниците разговараа и за формирање на нова Мешовита комисија составена од претставници од двете министерства, со цел спроведување на културни програми, како и потпишување на нов Протокол за соработка во областа на културата, науката и образованието меѓу двете земји. Министерката Костадиновска-Стојчевска ја поздрави иницијативата на Амбасадата на Република Северна Македонија во Виена за отворање на Културно-информативен центар кој ќе помогне да ги обедини граѓаните од Република Северна Македонија кои живеат во Република Австрија.

На средбата, Костадиновска-Стојчевска и Вуцас се согласија дека во наредниот период, со создавањето на подобри услови за реализација на културни настани во контекст на пандемијата, треба да продолжи меѓуинституционалната соработка и размената на проекти  и уметници во двете земји.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе