Средба на министерката Костадиновска-Стојчевска со амбасадорот на НР Кина, Ѕуо

од admin_kult

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска оствари средба со амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

На средбата соговорниците изразија задоволство од досегашната соработка во делот на културата меѓу двете земји, која особено е изразена преку формирањето на Институтот „Конфуциј“ и на Кинеското катче.

Амбасадорот Ѕуо на средбата ја потенцираше добрата соработка на билатерален план, како и соработката преку контактите што се овозможија со иницијативата за културна соработка меѓу НР Кина и земјите од Цeнтрална и од Источна Европа (ЦИЕ), која, за жал, во изминатиот период беше значително намалена поради светската пандемија. Тој изрази надеж дека во периодот што следува Министерството за култура на НР Кина ќе ги имплементира активностите содржани во Договорот за соработка меѓу двете држави.

Министерката Костадинова-Стојчевска, пак, изрази благодарност за досегашната поддршка од НР Кина во делот на културата, истакнувајќи ја потребата од поголема размена на искуства со кинеските експерти во делот на заштитата на културното наследство и дигатилизацијата.

Министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска и амбасадорот Џанг Ѕуо изразија надеж дека во периодот што следува ќе се интензивира и ќе се продлабочи размената на уметници и нивното учество на манифестации и фестивали што ќе се одржуваат во двете земји.   

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе