Со „Таленти во движење“ почна „Танцфест 2023“

од admin_kult

Со претставата „Таленти во движење“ на танцовата компанија „Кодартс“ од Ротердам, вчера во Македонскиот народен театар (МНТ) беше отворено 19. издание на фестивалот „Танц фест“, кое се одржува под мотото „Танцувајќи создаваме иднина“.

Претставата „Таленти во движење“ беше во чест на 30 години дипломатски односи меѓу Холандија и Македонија.

На отворањето беа доделени наградите за поддршка на современиот танц „Менада“ на Универзитетот „Кодартс“ од Ротердам, Холандија, и на Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

„Танц фест“ – Скопје се реализира со поддршка од: Министерството за култура, Амбасадата на Кралството Холандија во Скопје, Амбасадата на САД во Скопје, УГД, Виталија, Бовин и мeдиумските партнери.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе