Со „Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“, започнува филмската програма во Кинотеката

од admin_kult

Кинотеката ќе ја започне филмската програма за 2023 година со три филмски остварувања: „Снежана на крајот умира“, „Кајмак“ и „Од рајот“. На македонските филмски остварувања од 2022 г. им се придружува и „Од рајот“  – црна комедија од Срѓан Драгојевиќ.

На 4 и 5 јануари од 18 часот во Кинотеката ќе може да се проследи „Снежана на крајот умира“ во режија на Кристијан Ристески. Актерската екипа во филмот ја сочинуваат: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски и Давид Јанакиев.

Со премиерата на „Снежана на крајот умира“ беше затворено минатогодишното  издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

На 4, 5, 9, 10 и 11 јануари, со почеток во 20 часот, посетителите во Кинотеката ќе може да го гледаат „Кајмак“, најновиот филм на Милчо Манчевски. Во него играат актерите: Ана Стојановска, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Александар Микиќ, Сара Климоска и Филип Трајковиќ.

На 9, 10 и 11 јануари, со почеток од 17 часот, во Кинотеката ќе се прикажува филмот „Од рајот“ на Срѓан Драгојевиќ. Улогите ги толкуваат: Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец и Наташа Марковиќ.

„Од рајот“ премиерно беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Локарно, по што учествуваше на повеќе европски и балкански фестивали. Во август беше дел од официјалната програма на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе