„Сон во сон“ – Концерт на дуото СолиПс во Филхармонија

од admin_kult

Во камерната сала на Македонската филхармонија  вечерва од 20 часот, ќе се одржи концертот „Сон во сон“ на француско-македонското дуо СолиПс  кое го сочинуваат флејтистката Елена Стојческа и гитаристот Ромен Петио, и оперската певица – сопранистката Гонца Богоморова-Краповска. 

 Во прамки на програма ќе биде изведено оригиналното дело „Океан во капка“ на македонската композиторка Дарија Андовска, специјално компонирано за овој концерт, а  за првпат ќе бидат изведени и две македонски традиционални композиции, преработени повторно од Дарија Андовска.

На програмата на овој несекојдневен концерт ја чинат се и три дела на француски автори кои ќе ја доживеат македонската премиера – „Две поеми од Ронсар“ на Албер Русел, извонредното „Самогласки за соло флејта“ на Софи Лаказ инспирирано од поема на Артур Рембо и „Мирот почива во пустина“ на Жан-Кристоф Роза. Покрај нив тука се и популарната „Арија на Бахијана Бразилерас n°5“ на бразилскиот класик Хектор Вила-Лобос која овојпат ќе биде изведена во нејзината оригинална верзија за вокал и гитара и за крај композицијата „Сон во сон“ од италијанскиот композитор Масимилијано Месиери, кој ќе биде гостин на овој концерт.

Концертот се организира со поддршка на Министерството за култура и Францускиот институт во Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе