„Сите сме птици“, на Унковски, премиерно изведена во МНТ

од admin_kult

На сцената на Македонскиот народен театар премиерно беше изведена претставата „Сите сме птици“, работена по текстот на либанско-канадскиот автор Важди Муавад, а во режија на Слободан Унковски.

Во претставата играат: Дамјан Цветановски, Сара Климоска, Тина Трпкоска, Звездана Ангеловска, Николина Кујача, Емил Рубен, Никола Ристановски, Петре Арсовски, Сашка Димитровска и  Драгана Костадиновска.

Текстот од француски на македонски јазик го преведе Калиопа Петрушевска, а драматург е Јелена Мијовиќ. Сценографијата на претставата е на Бранко Хојник, костимограф е Роза Трајческа-Ристовска, а  композитор е Ирена Поповиќ-Драговиќ.

Следните изведби се закажани на 20 и 21 декември и на 30 и 31 јануари.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе