Се отвора изложбата „Полска школа на колаж“ на Жмијевски и Алтхамер во МСУ – Скопје

од admin_kult

Во Музејот на современата уметност вечер (14 јули) во 20:30 часот ќе биде отворена изложбата „Полска школа на колаж“ со дела од светски познатите уметници Артур Жмијевски и Павел Алтхамер.

Полските уметници Алтхамер и Жмијевски во изминативе две недели беа ексклузивни гости на МСУ каде што во една од салите на Музејот создаваа нови дела.

Куратор на проектот е Владимир Јанчевски.

Ќе бидат изложени 30-ина уметнички слики на картон со акрилна боја и колажи од стари историски книги, мапи, карти, атласи, постери, образовни графикони… Изложбата ќе биде отворена до 25 август 2022 година.

– Голем куриозитет е што дел од делата ќе ги подарат на Музејот и со тоа ќе ја збогатат вредната колекција. Со овој гест се реактуализира донацијата на дела од светски познати автори. Улогата на Полска во создавањето на објектот на МСУ е од непроценливо значење – информираат од МСУ.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе