Се одржа конститутивната седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ со новиот состав

од admin_kult

Во Владата на Република Северна Македонија денеска се одржа конститутивната седница на Националната комисија за УНЕСКО на РСМ со новиот состав.

На седницата претседаваше министерката за култура и претседателка на Националната комисија, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

This image has an empty alt attribute; its file name is 274522227_372783258184498_2903761179367824678_n-2-1024x683.jpg

На првата седница на новиот состав на Националната комисија беше разгледан и усвоен Деловникот за работа, а беа разгледани и рангирани проектите доставени на Повикот за поднесување предлог-проекти во рамките на Програмата за партиципација на УНЕСКО за 2022 ‒ 2023 година.

Во согласност со критериумите на УНЕСКО, секоја држава членка, преку своите национални комисии, до УНЕСКО може да поднесе најмногу 7 предлог-проекти од 5-те главни програмски области на УНЕСКО и 1 регионален проект најдоцна до 28 февруари 2022 година.

This image has an empty alt attribute; its file name is 274483553_372783171517840_1634591908702114741_n-1024x683.jpg

Во прилог е Решението за именување претседател, генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија донесено од Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 8 февруари 2022 година, објавено во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 36/22.

Решение за именување претседател , генерален секретар и членови на Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе