Се заштитуваат Галичката свадба и Спомен-куќата на Пулевски

од admin_kult

Почнува постапката за изготвување елаборат за заштита на галичките свадбени обреди како нематеријално културно наследство, како и за санација и реставрација на Спомен-куќата на македонскиот писател, лексикограф и  историчар Ѓорѓи Пулевски во Галичник.

Во увид на состојбата, а во насока на забрзување и конкретизирање на овие процеси, деновиве во работна посета на месната заедница Галичник беа советници и претставници од Секторот за заштита на културното наследство при Министерството за култура.

Како резултат на одличната заемна соработка меѓу централната и локалната власт, Министерството за култура и во иднина, како и досега, ќе продолжи континуирано да ја дава својата поддршка за вакви и слични иницијативи.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе