Светски познатиот уметнички тандем Дан и Лиа Пержовски гости на МСУ Скопје

од admin_kult

Уметничкиот тандем Дан и Лиа Пержовски денеска, 5 април, во 19 часот ќе одржат предавање во МСУ со наслов „Постојано репозиционирање, помеѓу локалното и глобалното“. Предавањето се реализира во рамките на Интердисциплинарната програма на МСУ – Скопје.

Познатиот уметник чие изразно средство е цртежот, Дан Пержовски, за првпат ќе биде гостин во Музејот на современата уметност заедно со Лиа Пержовски – истражувачка, уредничка и концептуална уметница.

На 6 април во 12 часот во МСУ – Скопје, Дан и Лиа Пержовски ќе одржат и работилница на тема „Цртање, разговарање и споделување“.

Уметничкиот тандем, кој преку цртежи ги потполнува ѕидовите на: „МоМА“ во Њујорк, „Тејт модерн“ во Лондон, Центарот „Помпиду-Бобур“ во Париз, Музејот „ВанАбе“ во Ајндховен, за првпат доаѓа во Музејот на современата уметност – Скопје. Ова е исклучително ретка можност во Скопје да присуствуваат светски познати уметници кои ги поместуваат границите на современите уметнички практики денес.

Влезот е слободен за сите оние што сакаат да ја искористат оваа ретка можност да го запознаат одблизу уметничкиот тандем.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе