Сарајот на Ахмед Нијази-бег во Ресен и Дом на културата „Драги Тозија“ добива целосно нов покрив

од admin_kult

Започна реконструкцијата на Сарајот на Ахмед Нијази-бег во Ресен што ќе се одвива во две фази, а е предвидена во годишната програма на НУ Завод и музеј – Битола, финансирана од Министерството за култура. Првата фаза е во вредност од околу 2 милиона денари.

Со ова трајно се решава еден долгогодишен проблем кој е од големо значење во целокупната заштита на нашето културно богатство.

Во Преспа, исто така, започна процесот на санација, конзервација и реставрација на старото училиште во с. Љубојно. Заврши процесот на обезбедување на заштитно- конзерваторските услови од страна на надлежните институции: НУ Завод и музеј – Битола и Управата за заштита на културно наследство од Скопје.

Зимскиот период ќе биде искористен за изготвување на потребната проектна документација, што ќе овозможи во текот на следната година да се пристапи кон практични активности за непосредна санација, конзервација и реставрација на овој исклучително значаен објект за целата држава.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе