Самостојна изложба на Ана Ивановска во „Gallery MC“ во Њујорк

од admin_kult

„Под кожа“  е насловена самостојната изложба на Ана Ивановска која ќе биде отворена на 25 август во 18:00 во „Gallery MC“ во Њујорк, САД.

Овој визуелен проект претставува  истражување на внатрешните трансформации, каде фокусот е ставен на разните ментални состојби и ситуации, емоциите и чувствата во периодот на карантин за време на пандемијата со Ковид-19.

Фотографиите на Ана Ивановска претставуваат визуелна манифестација на стравот од ширењето на вирусот, безизлезната ситуација и ограничената слобода како бариера во општењето со светот и претставуваат еден вид релација на видливиот свет со невидливите опасности. Сепак проектот има и оптимистички став, согледувајќи ги и позитивните страни во врска со карантинот, имајќи можност да го набљудуваме нашиот живот од поинаква перспектива, со зголемена почит кон неговата вредност, информира организаторот.

Изложбата која се реализира со поддршка на Министерството за култура ќе биде отворена до 31 август.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе