Ретроспективно-монографска изложба на Крсто Славковски во Куманово

од admin_kult

Во Уметничката галерија во Куманово денеска (28 септември 2022 г.) во 20:00 часот ќе биде отворена ретроспективно-монографската изложба на Крсто Славковски.

Славковски е претставник на основоположничката генерација на наивата во Република Северна Македонија и истовремено најзначајниот уметник во доменот на вајарството. Иако автодидакт, поради уметничките вредности од 1972 година бил активен член на Друштвото на ликовните уметници на Македонија (ДЛУМ) и излагал на сите традиционални изложби, на изложбите „Зимски салон“, „Ситна пластика“…

Од Националната установа Музеј – Куманово информираат дека во рамките на изложбата на дела од богатиот творечки опус на уметникот Крсто Славковски ќе биде презентирана и монографија за овој автор со шеесетина колор-репродукции и обемен текст од Гоце Божурски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе