Ретроспектива со филмови на Јиржи Менцл во Кинотеката

од admin_kult

Кинотеката на Северна Македонија, во соработка со Амбасадата на Чешката Република, од 1 до 11 декември организира рертоспектива со филмови на чешкиот режисер и актер Јиржи Менцл (1938 – 2020). Ретроспективата ќе биде отворена со филмот „Строго контролирани возови“, негов дебитантски долгометражен игран филм со кој во 1967 година освои „Оскар“ за најдобар странски филм.

До 11 декември, во термините од 20 часот, во Кинотеката ќе бидат прикажани уште осум наслови на Менцл: „Стрижено-косено“; „Ластовички на жица“; омнибусот „Бисери на дното“ во кој Менцл е еден од четворицата автори; „Снежен фестивал“; „Село мое мало“; „Крајот на старите времиња“; „Прекрасни луѓе со камера“ и „Самотија во шумата“.

Јиржи Менцл (1938 – 2020) завршил режија на познатата академија ФАМУ во Прага, кај професорот и режисер Отокар Вавра. Кинематографскиот опус на Менцл содржи 20-ина наградувани наслови, а во 2003 година ја доби и Наградата за посебен придонес во филмот на Фестивалот во Карлови Вари. Глумел во над 80 филмови, а е познат и по неговите поставки на театарските сцени во Чешка и низ светот.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе