Реакција на Министерството за култура

од admin_kult

Министерството за култура најостро го осудува чинот на бришење на „Северна“ од името на државата Северна Македонија од страна на две културно-уметнички друштва: „Илинден“ од Битола и „Ќустек“ од Скопје, кои синоќа настапија на дефилето на отворањето на манифестацијата „Илинденски денови“ во Битола.

Тие, на таблите со кои ги претставуваа ансамблите, со црн маркер покриле дел од уставното име на државата што ја претставуваат на оваа интернационална манифестација.

Ги повикуваме надлежните органи да преземат соодветни постапки за овој случај.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе