Промоција на романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски

од admin_kult

Во рамки на Фестивалот на европската литература „BookStar“ вечер во Кинотеката на Северна Македонија ќе биде промовиран романот „Скриени желби, немирни патувања“ од Владимир Јанковски.

„Скриени желби, немирни патувања“ е трет роман на Владимир Јанковски. Во него преку комбинацијата на педесетина приказни за ликови од различни географски меридијани и приказни за четири лика од Скопје, авторот се занимава со прашањата за тоа како луѓето ја гледаат „својата приказна“, колку конструкцијата на тоа што сме или што сакаме да бидеме е виртуелна имагинација, каков може да биде индивидуалниот одговор на притисокот да се биде успешен, како понекогаш потрагата по себеси и бегството од себе се поклопуваат, кој е нашиот дел, парче, фрагмент во големото шаренило на светот…

Во рамки на промоцијата ќе бидат претставени и две видеа со извадоци од романот, направени врз основа на фотографиите на македонскиот фотограф Дејан Колевски.

Владимир Јанковски (Скопје, 1977 година) дипломирал на Катедрата за општа и компаративна книжевност на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје. Работел како уредник во повеќе издавачки куќи. Објавил три романи, две книги фотоесеи во соработка со фотографот Иван Блажев и книга разговори со Влада Урошевиќ. За романот „Невидливи љубови“ ја добил наградата „Рациново признание“ и бил македонски кандидат за наградата „Балканика“.

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе