Промоција на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази во КИЦ на РСМ во Софија

од admin_kult

Во Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија денеска (4 април), со почеток од 18:30 часот, ќе се одржи промоцијата на книгата „Чиј беше Јон“ од Рефет Абази, која излезе во превод на бугарски јазик како издание на издателството КВЦ.

Рефет Абази е македонски писател, драматург, актер и педагог, роден во Тетово. Носител е на многу награди како театарски актер. Автор е на два романа, како и на неколку драми. Како професор по глума и театарска уметност, има обучено многу актери, кои во моментов играат на театарските сцени во Северна Македонија.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе