Претставата „Нема да биде крај на светот“ учествува на фестивал во Бурса

од admin_kult

Македонскиот народен театар со копродукцискиот проект „Нема да биде крај на светот“ денеска ќе учествува на 9. Меѓународен театарски фестивал на балканските земји во Бурса, Турција, кој се одржува од 10 до 24 март.

Претставата е според текст на Аднан Лугониќ и во режија на Нина Николиќ, а играат актерите Дарја Ризова, Саша Ханџиќ и Џана Џаниќ.

– Овој фестивал во Бурса создава можност да се сретнат познати театарски куќи од светот, но сепак подоминантни се театарските продукции од балканските земји. Под раководството на државните театри, секоја пролет во Бурса се одржува Балканскиот театарски фестивал на кој настапуваат театарските куќи од балканските земји кои воедно даваат и голем придонес во театарската уметност – информираат од МНТ.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе