Премиерот Ковачевски го посети Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Софија

од admin_kult

– Во рамките на посетата на Бугарија, претседателот на Владата Димитар Ковачевски го посети Културно-информативниот центар на Република Северна Македонија во Софија – јави дописникот на МИА од Софија. Ковачевски и македонската владина делегација беа пречекани од директорот на КИЦ, Сашко Насев, кој ги запозна со активностите за промоција на македонската култура во Бугарија.

Директорот Насев ја презентираше изложбата „Панта реи“ од македонскиот уметник и скулптор Марјан Стојаноски, а делегацијата ја запозна и со претстојната Европска ноќ на литературата што ќе се одржи на 7 септември во Софија и со читателското гнездо на Културно-информативниот центар на Северна Македонија во Бугарија каде што ќе биде претставена книгата „Човечулец“ од Александар Прокопиев.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе