Премиера на претставата „Бакхи: Агава“ во МНТ

од admin_kult

Во балетската сала при Македонскиот народен театар вечер  (27 декември) премиерно ќе се одигра претставата „Бакхи: Агава“, според Еврипид и Тамара Барачков. Претставата е копродукциски проект на Перипетија продукција – Скопје, НУ Македонски народен театар и Градски театар од Јанина, Грција.

Во претставата, во режија на Нина Николиќ, се користат и стиховите од песната „Мама е глагол од глаголот работи“ на Момчило Одаловиќ. Улогите ги толкуваат актерите Симона Спировска и Александар Михајловски, а актерите Григор Јовановски, Марија Кеврекиду, Ана Марија Бутниок, Афродита Атанасопулу и Дарја Ризова се со снимени гласови. Сценограф е Ангел Петровски, костимограф е Ивана Каранфиловска-Угуровска, дизајнер на звук е Александар Арсиќ, а дизајнери на светло се Даниела Атанасова и Горјан Темелкоски.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе