Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права е на јавна расправа

од admin_kult

На веб-страницата на Министерството за култура (Информации од јавен карактер, предлог-закони) е поставен Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права, кој е на јавна расправа.

Мислења, предлози и забелешки во врска со Предлогот на Законот за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права може да се доставуваат на:  info@kultura.gov.mk.

На 28 април 2022 година во 11:00 часот во просториите на Кинотеката на Република Северна Македонија е предвидена и Јавна расправа.

ПРЕДЛОГ – ЗАКОН

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе