Преглед на културната политика на Република Северна Македонија – финален извештај од Мисијата на Советот на Европа

од admin_kult

Министерството за култура  го објавува (на македонски и на англиски јазик) финалниот извештај  од Мисијата на Советот на Европа, кој ги содржи приоритетите и насоките за стратегиското планирање во областа на културата и културните политики во Република Северна Македонија.

Извештајот е изработен врз основа на спроведените интервјуа со голем број засегнати чинители од областа на културата во земјава (национални установи, локални установи, странски културни центри во Северна Македонија, амбасади, Делегацијата на Европската Унија….).

Во документот, во кој е даден преглед  на  културната политика на Република Северна Македонија, нотирани се недостатоците и областите на кои треба да се обрне особено внимание, како и насоките за нивно надминување.

Извештајот е изработен на барање од Министерството за култура со цел да се разгледаат опциите за политика за подобра координација меѓу целите на Министерството за култура за поддржување на културното наследство на државата и нејзиниот културен и креативен сектор.

Преглед на културната политика на Република Северна Македонија

Cultural Policy Review of the  Republic of North Macedonia

Можеби ве интересира:

Leave a Comment

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе