Почнува фестивалот „Звукот на Скопје“

од admin_kult

На плоштадот „Мајка Тереза“, на платото пред зградата на Филхармонијата, во паркот „Ибни Пајко“, во Старата скопска чаршија и на неколку други локации, денеска и утре (16 и 17 септември) ќе се одржуваат музички настапи, изложби, театарски претстави, поетски читања во рамките на годинашниот фестивал „Звукот на Скопје“.

Фестивалот ќе биде отворен со концертот на Констракта и  „Земља грува“ на платото пред Филхармонијата. Првата фестивалска вечер е во знакот на екологијата и поттикнувањето еколошки навики кај граѓаните. Потоа следуваат настапите на Дина Јашари и бендот „Хајка“, а во Чаршијата ќе настапат бендот „Вива стрингс“ и германскиот бенд „Дијаз војтас дуо“, додека во КИЦ ќе може да се види изложбата „Македонија“ од бразилските уметници Даниел Kастинет и Вилсон Нето.

„Љубојна“, Тони Китановски и Черкези, „Бла, бла, бла“, „Foolish Green“ и „Брука бенд“ ќе настапат на вториот фестивалски ден на плоштадот „Мајка Тереза“, а во паркот „Ибни Пајко“ ќе се претстават бендовите „Баклава“, „Дориан и Добрила“ и „Перија“. Во рамките на таа сцена ќе се одржи и поетско читање, ќе биде изведена и детската претстава „Куферко, светскиот патник од Македонија“, а публиката ќе има можност да ја види и изложбата на колажи од Игор Калц.

„Звукот на Скопје“ е новото име на досегашниот фестивал „Звуците на Чаршијата“, кој се реализира 16 години наназад и чија функција беше заживување на Чаршијата како културна локација.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе