Почнува фестивалот „Албански театар во Македонија“ 

од admin_kult

Во Центарот за култура во Дебар, од денеска до 30 јуни ќе се одржи 21-то издание на фестивалот „Албански театар во Северна Македонија“.   – Честа да го отвори ова издание ќе му припадне на Албански театар Скопје со претставата „Мурлин Мурло“ на текст на Николај Кољада, во режија Кристина Димитрова. Следните денови ќе настапат актерите од театарот „Ултра“ од Куманово, со претставата „Лекување“,  гостиварскиот театар со „Вес Вес“, Националниот ЕТ „Кујтим Спахивогли“ од Тирана, Националниот театар од Приштина,  како и албанскиот театар за деца и млади од Скопје, изјави за МИА, Илбер Нуредини, директор на фестивалот. Додаде дека последната фестивалска вечер дебарската публика ќе има можност да ја проследи претставата „Граѓанинот благородник“ од Молиер, во режија на Куштрим Бектеши, по што ќе бидат доделени наградите за најдобра претстава, режија, актер и актерка. Фестивалот за отворен ќе го прогласи градоначалникот Хекуран Дука, а одржувањето е поддржано од македонското Министерство за култура, Општина Дебар, НУ Центар за култура-Дебар и компанијата Кнауф.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе