Почнува третото издание на Скопскиот градски фестивал

од admin_kult

На неколку локации во Скопје денеска и утре ќе се одржи третото издание на Скопскиот градски фестивал, кој е поддржан од Министерството за култура и Град Скопје. Фестивалот денеска ќе се одржува во МКЦ, а утре во Филхармонијата. Концертите ќе започнат во 20 часот.

На првиот ден од Фестивалот во МКЦ ќе настапи Мухамед Ибрахими –  македонски музичар, гитарист со уникатен стил. Неговата музика е фузија на рок, блуз и амбиент, со корени од балканскиот и од ориенталниот фолклор.

„Код 369“ (Code 369) е македонски рок-состав од врвни музичари со долгогодишно искуство. Тие ќе го промовираат материјалот од новиот албум „Стадиуми на љубовта“ (Stages of Love), а ќе настапи и „Тексас флуд“ (Texas Flood) – балкански и европски аренби-бенд од Белград, предводен од Ненад Златановиќ (Mr. Swagger), легенда на блуз-сцената.

Утре во големата сала во Филхармонијата ќе настапи Матија Дедиќ – еден од водечките европски пиjанисти, кој досега има настапувано со познати музички имиња и има издадено десет албуми.

Настап ќе има и квартетот „Heller/Sasse/Gjakonovski/Kostadinovic“ составен од џез-музичари кои за првпат ќе настапат заедно.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе