Почина реномираната актерка Мајда Тушар

од admin_kult

Утрово почина Мајда Тушар (1950 – 2022), актерка во Драмскиот театар во Скопје (од 1972 до 2015 г.). Мајда Тушар дипломирала актерска игра во првата класа на Факултетот за драмски уметности Скопје и веднаш по дипломирањето активно се вклучила во тековниот репертоар на Театарот, особено во проектите на Вечерната сцена.

Нејзини поважни актерски остварувања се: Рут во „Дејството на гама-зраците врз сенишните невени“ (1973), Лисјена во „Болва во уво“ (1974), Дафина во „Јане Задрогаз“ (1974), Неда во „Црнила“ (1977), Ленче во „Ослободување на Скопје“ (1978), Орсолина во „Рибарски караници“ (1979), Невестата во „Чудото на Свети Ѓорѓи“ (1981), Клодија во „Тетовирани души“ (1986), Кристина во „Сили во воздухот“ (1988), Медеја во „Медеја“ (1988) и Блага во „Кула Вавилонска“ (1990).

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои: наградата „Св. Климент Охридски“ за остварување во областа на театарот, Актер на годината за улогата на Ленче во претставата „Ослободувањето на Скопје“ и др.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе