Пораки за одбележување на Светскиот ден на танцот – 29 Април

од admin_kult

На 29 април дигитално ќе биде одбележан Светскиот ден на танцот, во соработка со балерината, кореограф и балетски педагог Олга Панго, која е авторка на годинашната македонска порака по повод Светскиот ден на танцот.

Како што информира Македонскиот центар на Интернационален театарски институт ПРОДУКЦИЈА, Панго порачува: „Танцувајте, танцувајте и само танцувајте!“. Таа апелира да се танцува секој ден, да се учат децата да танцуваат и да бидат среќни, а на постарите и немоќните да им се помогне го придвижат своето тело за да се чувствуваат подобро.

– Да се пишува, да се зборува и да се живее танцот е привилегија која ја имаат само оние кои истрајуваат на патот на оваа чудесна уметност која значи живот. Танцот е начин на изразување, комуникација, љубов и несебично вложување во телото како инструмент, кој создава совршена музика, која може да се визуелизира. Танцот е мост кој го користиме да поминеме од една на друга страна: од потемна кон посветла, од не знаење кон знаење. Убавина која ја живееме во сите негови форми, се вели во пораката.

Светската порака е на Канг Су-Јин од Јужна Кореја, танчерка, уметничка директорка на Националниот Балет во Јужна Кореја.

– Катастрофата наречена КОВИД-19 го запре животот во кој бевме слободни, гледано од оваа перспектива (бевме послободни), меѓу другото оваа трагедија не наведе да ги промислуваме значењата на „танцот’’ и „танчерите’’. Во далечното минато, танцот бил примарна комуникациска експресија, зборови изразени преку гестови; танцот претворајќи се во уметност на перформансот ги придвижува душите и ја инспирира публиката. Танцот е уметност на моментот и тешко е да се реставрира во нејзината оригинална форма и облик, тогаш кога станува завршен, бидејќи е создаден со целото тело и душа. Танцот се создава во ефемерни моменти, ги одредува танчерите да бидат засекогаш во движење.…, вели Канг Су-Јин.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе