Порака на оперската примадона Милка Ефтимова по повод Меѓународниот ден на операта

од admin_kult

По повод Меѓународниот ден на операта – 25 Октомври,  македонската порака  ја напиша еминентната оперска дива, Милка Ефтимова. Како што соопшти Македонскиот центар ИТИ/продукција, коавтор и уредник на пораката е д-р Александар Трајковски.

– Ми претставува особена чест, во годината кога македонскиот оперски живот прославува два големи и значајни јубилеја – 75 години од формирањето на националната оперска куќа и 50 години откако единствениот оперски фестивал во регионов и пошироко, „Мајските оперски вечери“, го започна својот раскошен и спектакуларен од по патот на уметноста – да ја пренесам пораката по повод светскиот ден на операта“, вели во пораката оперската примадона Милка Ефтимова. Таа додава дека во таа чест, како уметник кој со своите сценски креации и концертни изведби уште од самите почетоци директно учествувал во испишувањето на историјата на оперското пеење кај нас, но и како педагог кој стекнатите професионални знаења им ги пренел на своите студенти, денес успешни и афирмирани оперски пејачи, сака да ги поврзе минатото, сегашноста и иднината.

„А, нив, можам да ги поврзам само со љубов. Љубов кон животот, љубов кон публиката, љубов кон музиката… Бидејќи операта, како најкомплексна и најсложена уметничка форма, се создава и се восприема само со љубов“, потенцира Ефтимова. Таа посакува во иднина, оперската уметност како производ на творечката имагинација на голем број великани од музичката историја и современост, преку изведбите во живо на актуелните уметници, но и преку снимените аудио- и видеоизданија на сите оние што ги овековечиле своите интерпретации, уште повеќе и многу посилно да допира до човековото срце и што подлабоко да навлезе во човековата душа.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе