Повик на УНЕСКО за доделување грантови за млади истражувачи на „Патот на свилата“

од admin_kult

Националната комисија за УНЕСКО на Република Северна Македонија информира за Повикот на УНЕСКО за поднесување апликации на млади истражувачи како дел од програмата „Патот на свилата“, која води кон подобро разбирање на богатата историја, наследството и  духот на „Патот на свилата“.

УНЕСКО, со поддршка од Националната комисија за УНЕСКО на Народна Република Кина, започна иницијатива за доделување грантови за млади истражувачи во рамките на оваа програма во 2021 година.

Преку оваа иницијатива, која има цел да мобилизира млади истражувачи на наследството на „Патот на свилата“, УНЕСКО доделува 12 гранта на млади до 35-годишна возраст. Теми на истражувањето ќе бидат споделеното наследство и различните идентитети на „Патот на свилата“, како и неговата разноликост и потенцијалот во современите општества за креативност, интеркултурен дијалог, социјална кохезија, регионална и меѓународна соработка и одржлив мир и развој.  

 Повикот, критериумите и начинот на аплицирање за сите заинтересирани млади до 35-годишна возраст во моментот на аплицирање се достапни на следниов линк: https://en.unesco.org/silkroad/youthgrant, со забелешка дека рокот за поднесување на онлајн апликациите директно до УНЕСКО е најдоцна до 31 мај 2022 година, а добитниците ќе бидат објавени од страна на УНЕСКО на крајот од месецот септември 2022 година.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе