Повик за споделување приказни на Европските денови на културното наследство 2023

од admin_kult

На 17 јануари 2023 година беше објавен повикот за споделување приказни на Европските денови на културното наследство 2023 – 2023 Call for European Heritage Stories. Оваа активност во нашата држава се реализира во координација на Музејот на Република Северна Македонија. Основна цел на Повикот е да им се даде можност на посветени поединци, организации и асоцијации да ја раскажат својата Приказна за Европа, преку своите проекти, иницијативи и активности поврзани со културното наследство што го негуваат.

Европските денови на културното наследство би сакале да им оддадат признание за нивните напори на два различни начини:

– преку промовирање на нивните приказни на веб-страната на Европските денови на културното наследство

– и преку можноста да аплицираат за компетитивното доделување на грант во износ до 10.000 евра

Повикот е наменет првенствено за локалните организатори коишто земале учество во програмата нa ЕДКН, барем со една активност во последните четири одбележувања (2019-2022). Во првата фаза на повикот треба да се поднесе краток предлог проект, заедно со целосно развиена приказна.

Дваесетте највиско рангирани предселектирани проекти ќе добијат дополнителен рок од 4 седмици, за да достават подетален предлог проект. Потоа, на 10 највисоко рангирани проекти ќе им биде доделен грант од максимум 10.000 евра.

Покрај тоа, само за објавување на веб-страната се добредојдени и приказни без предлог проект.

Рокот за поднесување на Приказните и првичните предлог проекти е вторник, 28 февруари 2023 година. Сепак, Европските денови на културното наследство го задржувааат правото Повикот да го затворат порано, доколку се исполни максималниот предвиден број од 120 предлог проекти.

Повеќе детали за правните услови и роковите на компетитивната постапка за доделување грантови можат да се добијат на 2023 Call for European Heritage Stories Terms and Conditions.

Листата на минатогодишните приказни, како и апликациите на наградените предлог проекти може да се најдат на Порталот на ЕДКН www.europeanheritagedays.com/Story

Ова се линковите до објавите на социјалните медиуми:

– Facebook announcement

– Twitter announcement

–  Instagram announcement

Доколку го споделувате повикот на социјалните мрежи, Ве молиме да го користите официјалниот хаштаг #EuropeanHeritageDays , како и #EuropeForCulture .

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе