Повик до македонските уметници за учество на Првото уметничко биенале во Малта во  2024 година

од admin_kult

Амбасадата на Северна Македонија во Рим, надлежна и за Малта  информира за повикот на  претседателот на националната Агенција за културно наследство на Малта, Марио Кутајар,  за аплицирање на македонски уметници на Првото уметничко биенале кое ќе се одржи во Малта  од март до мај 2024 година.

Финансиската поддршка за уметниците кои ќе бидат селектирани да учествуваат на Биеналето во Малта е во висина до 13.000 евра.

Рокот за пријавување е  до 25 август 2023 г.

Подетални информации за манифестацијата, условите за учество, како и образецот за аплицирање,   може да добиете на следниот линк:

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе