Патувачкото кино на МакеДокс 2022 во Преспа

од admin_kult

Патувачкото кино на „МакеДокс“ го продолжува своето тринаесетто патување во Преспанскиот регион. Од денеска до 17 септември предвидени се четири проекции на документарни филмови кои ќе се одржат на различни локации.

Првата проекција во рамки на Патувачкото кино е закажана за вечер во Ресен (Сарај), утре (14 септември) проекцијата ќе биде во с. Дрмени (кај самопослугата), на 16 септември е во с. Лавци (кај џамијата) и на 17 септември во с. Подмочани (на игралиштето).

Гостувањето во регионот на Преспа е втората етапа на Патувачкото кино на МакеДокс. Првата се одржа од 18 до 23 јули во струмичките села.

Патувачкото кино на „МакеДокс“ 2022 е поддржано од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија и Националната фондација за демократија од Вашингтон.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе