Отворена изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот Регион“

од admin_kult

Во Археолошкиот музеј на Северна Македонија е отворена изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот Регион“.

Во рамките на изложбата се претставени дел од археолошки предмети кои потекнуваат од: неолитот, енеолитот, бронзеното и железното време – од крајот на седмиот милениум пр. н. е. до средината на првиот милениум пр. н. е.

Изложените предмети се од локалитетите: Орниче во село Костурино, Канли Чаир во село Дамјан, Страната и Чаушов Камен во село Ангелци, Бојковци и Тополничка Река во село Дамјан, Голема Трпеза во село Старо Коњарево, Цареви Кули во Струмица, Чешмеџик во Радовиш, Манастир во село Габревци, Падарница во село Водоча, Штучка Река во село Штука и Скоруш Чешма во село Костурино.

Изложбата „Праисторијата во Струмичко-радовишкиот Регион“ е во организација на Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј Струмица, Заводот и музеј Штип и Археолошкиот музеј.  

Изложбата ќе биде отворена за посетители до крајот на април.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе