Отворен повик „Културата ја движи Европа“ (Culture Moves Europe)

од admin_kult

Отворен  е првиот повик „Културата ја движи Европа“ (Culture Moves Europe) наменет за индивидуална мобилност на уметниците и на професионалците од културниот сектор, со краен рок за поднесување на апликациите – 31 мај 2023 година во 23:59 часот по средноевропско време.

„Културата ја движи Европа“ (Culture Moves Europe), како нова грантова шема на програмата „Креативна Европа“ на Европската Унија, ја спроведува  Гете-институтот.

Повикот е наменет за уметниците и за професионалците од културниот сектор  во земјите кои учествуваат во програмата „Креативна Европа“ и ги опфаќа следниве области: музика, книжевни преводи, архитектура, културно наследство, дизајн и моден дизајн, визуелни уметности и изведувачки уметности.

Поддршката опфаќа:

  • Индивидуална мобилност на уметници и на професионалци од областа на културата
  • Резиденцијални програми

Финансиската поддршка што се обезбедува преку повикот се однесува на патните трошоци (превоз, сместување итн.) за уметниците и за професионалците од областите во културата кои сакаат да спроведат проект со меѓународен партнер (организација или поединци).

Грантовата шема за мобилност им овозможува на апликантите да ги интернационализираат своите активности и хоризонти преку една од следниве цели: истражување на богатото културно наследство на Европа; создавање, односно кокреација и/или развој на уметнички содржини со уметници и културни професионалци од други земји; учење, односно учество во неформално образование; поврзување, односно развој или зацврстување на меѓународната професионална соработка.

Квалификувани апликанти  се индивидуални уметници, професионалци од областа на културата или групи (од две до пет лица) со полни 18 години и со живеалиште во една од земјите кои учествуваат во програмата „Креативна Европа“.

Посебно се охрабруваат уметниците и професионалците од Украина да аплицираат за виртуелна мобилност.

Крајниот рок за поднесување на предлог-проектите е 31 мај 2023 година во 23:59 часот по средноевропско време.

Апликацијата се пополнува и се доставува онлајн преку порталот на Гете-апликацијата, за што е потребно да се креира корисничка сметка.

Повеќе информации за повикот може да најдете на следниов линк:

https://culture.ec.europa.eu/news/apply-now-new-culture-moves-europe-call-for-artists

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе