Костадиновска-Стојчевска: Трајно го решивме деценискиот просторен проблем на ДЛУМ

од admin_kult

Министртвото за култура обезбеди простор за трајно сместување на ДЛУМ, со што го реши деценискиот проблем на Друштвото. Конечно, ДЛУМ добива свој галериски простор каде што ќе ги реализира своите традиционални изложби, и ќе испровоцира многу нови идеи за збогатување на домашната сцена, како и соработки на меѓународен план.

Новиот простор за ДЛУМ се наоѓа на улица „Илинденска“, а е објект за кој ДЛУМ достави барање до Министерството за култура како можност за трајно решение и на  на нивниот децениски нерешен статус.

„Огромно е задоволството што успеавме да ја реализираме идејата ДЛУМ да го добие овој објект на атрактивна локација, со што правиме историски исчекор во зацврстување на статусот на најстарото еснафско уметничко здружени во земјава и создаваме услови  за негово современо развивање и иднина.

Искрено верувам дека во својот дом, по децениско талкање и барање соодветни услови за работа, бројните членови на ДЛУМ, наследници на основополжниците на ликовната уметност кај нас: Мартиновски, Личеновски, Димитар Андонов-Папрадишки, Поповиќ-Цицо, Љубомир Белогаски, Вангел Коџоман, Михајло Шојлев, ќе најдат нова инспирација за ново и возбудливо творештво. Верувам дека оваа куќа на ‘Илинденска’, ќе стане едно од централните места за афирмација на македонското современо ликовно творештво од каде што ќе се создадат нови дела кои далеку ќе ја афирмираат нашата култура“, вели министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска.

По формирањето во 1946 година ДЛУМ го имаше салонот под Калето, галеријата во ГТЦ, и уште неколку обиди за вдомување како потстанари во разни објекти кои не ги исполнуваа условите за галерија. До оваа одлука за трајно решавање на просторот, ДЛУМ корсти канцеларија во Домот на АРМ во Скопје и плаќа надомест за своите изложбени активности.

На денешната седница, Влада донесе Одлука за давање на трајно користење на простор на Здружението за афирмација на ликовното творештво, организација на ликовниот живот и збогатување на ликовната култура, Друштво на ликовните уметници на Македонија – Скопје.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе