„Омаж на маестро Џамбазов“ со оркестарот на Филхармонијата

од admin_kult

Оркестарот на Филхармонијата вечер, во 20 часот,  ќе го одржи концертот „Омаж на маестро Александар Џамбазов“ во рамките на 45. издание на фестивалот „Денови на македонска музика“.

Концертот, кој е со хуманитарен карактер, е посветен на големиот македонски композитор, а диригент е Џијан Емин.

На концертниот омаж публиката ќе може да проследи дела од неговиот симфониски опус – „Седумте танцови варијации“ со Елена Атанасовска-Ивановска како солист на пијано и „Рапсодија за Скопје“ со Иво Настевски како солист на пијано.

Ќе бидат изведени дела од опусот на маестро Џамбазов напишани за ревиски оркестар, како и избор од многубројните песни за вокал и ревиски оркестар, во изведба на Тамара Тодевска, Никола Перевски-Пере, Александар Тарабунов и Антониа Гиговска.

Со овој концерт, оркестарот на Филхармонијата, Сојузот на композиторите на Македонија (СОКОМ) и пејачите кои ќе настапат на сцена ќе му оддадат признание и почит на македонскиот композитор и диригент Александар Џамбазов, кој зад себе остави непроценлив музички опус.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе