Објавено дигиталното издание на книгата „Фросина – првиот македонски игран филм“

од admin_kult

Кинотеката на Македонија деновиве ја одбележува 70-годишнината од премиерата на првиот македонски игран филм – ФРОСИНА, снимен во 1952 година, во режија на Војислав Нановиќ, а во продукција на тогашниот државен филмски продуцент „Вардар филм“.

ФРОСИНА минатата година беше дигитално реставриран во лабораторијата „Клик филмс“ во Загреб, Хрватска и деновиве објавен на блуреј диск. Дигитализацијата на македонските играни филмови е една од основните активности на Кинотека на Македонија, која е единствена институција во земјава – чија работа е да се грижи за заштитата и чувањето на националното аудиовизуелно наследство.

Кинотеката го објави и дигитализираното (ПДФ формат) на зборникот текстови од симпозиумот на тема „ФРОСИНА – првиот македонски игран филм“, одржан во мај 1989 година, на кој учествуваше голем дел од филмската и актерската екипа, како и голем број филмски критичари и историчари, писатели, уметници и културни дејци. Сите излагања и дискусии водени на овој симпозиум, задно со сценариото, во 1991 година беа објавени како посебно печатено издание на Кинотеката, денес достапно за истражувачи и проучувачи на македонската кинематографија на сајтот на Кинотеката.

Можеби ве интересира:

Страницата на Министерството за култура на РС Македонија користи т.н. „колачиња“ со цел да обезбеди подобро корисничко искуство. Прифати Повеќе